Една добра вест во огромната трагедија: Сите уметнички дела се спасени, Круната од трње, светите реликвии

Свештеник од катедралата Нотр Дам тврди дека сите скапоцени артефакти и уметнички дела се спасени од историската зграда.
Николас Делесал на Твитер напиша:
„Добра вест: сите уметнички дела се спасени. Богатството на Катедралата е недопрено, Круната од трње, Светите реликвии“.

Пожарот, кој уништи големи делови од париската катедрала, се прошири на една од познатите правоаголни кули, откако ги урна шпицестата кула и покривот. Засега нема информации за жртви.
Причината за пожарот не е позната, но властите го поврзуваат со тековното реновирање.
Француската Агенција за цивилна безбедност соопшти дека на местото се распоредени сите средства освен канадери (кои ги препорача Доналд Трамп), бидејќи тие може да предизвикаат колапс на целата градба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.