Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ своето слободно време го поминува во Шпанија, а тука секако од време на време друштво и прават членовите на нејзиното семејство или приајтелите.
Во овој момент во Шпанија на Анастасија друштво и прави нејзината мајка како и внукот Жељко Ражнатовиќ.
Двете објавија видео од прошетка во еден парк каде Цеца внимаваше на малиот Жељко велејќи му да внимава да не падне.
Потоа пејачката го праша дали ќе одат на сок, а малиот Жељко беше воодушевен од убавото време и глетката во паркот, па речиси не ги слушаше што му говорат неговата баба и тетка.
Потоа Цеца и Анастасија го качија внукот во коњска кочија и прошетаа низ убавиот град.
Инаку ова не е прв пат Цеца сама да го шета внукот, пред неколку месеци таа го однесе Жељко на Малдивите каде тој помина десетина дена без својата мајка Богдана и татко Вељко.