Кокосовото млеко, масло и вода, како и многу други производи врз основа на кокос се здобија со планетарна популарност во последните неколку години. Но, тоа не се случи без причина.
Кокосот е една од најздравите намирници што можете да ја најдете во природата. Богат е со растителни влакна, витамини Е, Ц и Б, минерали како железо, калциум, магнезиум и многу други.
Друга добра страна на оваа хранлива материја е дека млекото од кокос е без лактоза, што значи дека можете да го консумирате дури и ако не толерирате лактоза.
Покрај прехранбената индустрија, кокосот се користи и во козметиката, заради неговите вредни својства. Но дали знаете дека кокосовото масло содржи катализатори за растворање на вишокот маснотии?
Додадете една лажица кокосово масло во вашето кафе секое утро и уживајте во убавиот вкус и здравствените придобивки.
Но, кои се точно придобивките од ставањето кокосово масло во кафето?
Црното кафе, само по себе, има својства што ни помагаат да ги стопиме вишокот килограми. Доколку пиете кафе пред вежбање, го стимулирате слабеењето и го забрзувате метаболизмот.
Меѓутоа, ако во кафето додадете шеќер и млеко, вие всушност ќе додадете само калории, а со нив ќе ги поништите и својствата на кафето.
Црното кафе и кокосовото масло се вистинската „моќна двојка“ за топење на маснотиите. Само една шолја кафе наутро ќе го разбуди и забрза вашиот метаболизам, а кокосовото масло ќе ви го смири апетитот.
Кога ќе ги комбинирате овие две работи ќе бидете посреќни, поздрави и повеќе будни.