Едни му викаат дека е “цар“, други го нарекоа “глупак“: Со параглајдер лета над морето, седнат на кревет!

Параглајдинг инструкторот Хасан Кавал од Турција реши да лета во удобноста на неговиот двосед, а за целосно искуство додаде и телевизор.
Кавал ги закачи двоседот и ТВ на параглајдерот, а целото патување го снимал со камера. Снимањето на овој необичен лет стана хит на Интернет.
По полетувањето, Хасан се навали на каучот пред телевизорот и не носеше безбедносниот ремен.
Тој ги соблече чевлите, ги облече папучите и се опушти да ужива во чипсот додека леташе неколку стотици метри над морето.
Откако слета безбедно на земја, Хасан рече дека уживал во летот.
„Никогаш не сум се чувствувал толку опуштено“, рече тој.
Луѓето во коментарите се поделени, додека некои му се восхитуваат на овој потег, други сметаат дека воопшто не е паметен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.