Едниот бубрег му е речиси целосно откажан – Во тешка здравствена состојба пренесен во болница еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, во тешка здравствена состојба вчера бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, поточно на Клиниката за нефрологија.

Во изјава за Инфомакс, бранителот на Видевски, Бојан Манев, вели дека на обвинетиот му е потребна постојана лекарска грижа бидејќи едниот бубрег е пред откажување.

– Го видов и јас, ситуацијата него му е многу лоша од аспект дека бубрегот е практично или откажан или пред откажување. Потребни се, според директорот, на клиниката, 20 до 30 дијализи за евентуално да се види дали ќе проработи бубрегот. Обвинетиот ќе биде под болнички надзор,

Контактибилен е до некаде, може да познава, може да не познава некој, во зависност од моменталната состојба. Судот известен и ќе побарам обвинетиот да остане на Клиниката додека неговата состојба не се стабилизира. Ќе ја погледнеме медицинската документација, но најверојатно нема да може да присуствува на рочиштето закажано за седми октомври, вели Манев.

Боре Видевски заедно со Велибор Манев, Влатко Кешишов, Љупчо Палевски-Палчо и Александар Ѓорчевски се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Судскиот процес против нив започна пред десетина дена а сите обвинети се изјаснија за невини.

Пронајдете не на следниве мрежи: