Двајца осомничени екстремисти се уапсени во Австрија, откако било откриено дека едниот планирал напад на настан во Виена, во најава на претстојните концерти на Тејлор Свифт, соопштија австриските власти.
Главниот осомничен кој е на возраст од 19 години бил уапсен во Терниц, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија.
Франц Руф, директорот за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека властите биле свесни за „подготвителни дејствија“ за можен напад.
Руф рече дека 19-годишникот се заколнал на верност на групата Исламска држава.
Се верува дека австрискиот државјанин се радикализирал на интернет. Руф информира дека кај него се пронејдени хемиски супстанци врз кои во моментов се врши проценка.
Свифт има закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена за утре, во петок и сабота, како дел од нејзината турнеја Ерас.
За време на концертите ќе бидат засилени безбедносните мерки.
Руф истакна дека ќе има посебен фокус меѓу другото на влезните проверки и дека посетителите на концертот треба да планираат дека проверките ќе траат подолго.
Шефот на виенската полиција Герхард Пурстл рече дека, иако секоја конкретна опасност е минимизирана, апстрактниот ризик го оправдува подигањето на безбедноста.