За едно уживање во домашен сладолед не ви треба скапа машина, туку само три состојки… Може да се додадат и други намирници – според вкусот, но основниот рецепт е следниот…
Состојки:
Ви требаат 2 чаши (450 мл.) крем за шлаг, 400 мл. засладено ладно кондензирано млеко и – лажица ванила, што може, но и не мора да ја користите. Може да се мати со миксер, или пак, со рака. Рецептот е од блогот на „Големата пекарница на Гема“.
Подготовка:
Засладеното млеко се става во фрижидер да се излади. Потоа се мати шлагот, со средна брзина, за да се формираат меки врвови. Исклучете го миксерот и истурете го млекото во шлагот. Зголемете ја брзината и мешајте додека смесата не стане густа и со крути врвови.
Исклучете го миксерот и рачно замешајте го екстрактот од ванила (по избор).
Префрлете ја смесата во херметички сад и замрзнете ја, најмалку 6 часа (или една ноќ), пред јадење. Тоа може да се чува во замрзнувач до шест недели.