Јогуртот е составен дел од речиси секој оброк. Сепак, тоа е производ со краток рок на траење, кој може да се продолжи со користење на одредени трикови.
Сигурно барем еднаш во вашиот фрижидер сте виделе сино-зелена мувла од внатрешната страна на шишињата со јогурт. Постои необичен начин да се спречи предвремено расипување.
Многу лесно ќе ја продолжите употребата на вашиот омилен пијалак. Едноставно свртете ја амбалажата со јогурт наопаку и ќе дозволите производот подолго да остане свеж. Трикот кој чудно звучи всушност следи прилично здрава логика.
Country Living наведува дека превртувањето на амбалажата наопаку создава вакуум кој го инхибира растот на бактериите кои предизвикуваат расипување на храната. Недостатокот на воздух на врвот на амбалажата исто така значи дека е помала веројатноста да се формираат кристали.
Откако ќе го отворите јогуртот, најдобро е да го користите во рок од пет до седум дена, но тоа може да се продолжи на околу две недели. Значи, ако потенцијално можете да го удвоите рокот на траење на вашиот омилен пијалак, зошто не би го сториле тоа?