Европската комисија(ЕК) во понеделник предложи нови правила што ќе овозможат производство на аеродинамични камиони, ќе ја зголемат нивната носивост и димензии и ќе ја намалат потрошувачката на гориво.Комисијата истакнува дека заоблениот, аеродинамичен облик на камионските кабини и аеродинамичните спојлери на камионските приколки, ќе доведат до намалување на потрошувачката на гориво и заштеда од околу 5.000 евра годишно по камион и намалување на емисијата на стакленички гасови за седум до десет отсто.Новиот облик на кабината заради зголеменото видно поле за возачот би придонел за поголема сигурност, а Комисијата проценува дека на тој начин за 300 до 500 би се намалил бројот на загинати меѓу најранливите учесници во сообраќајот како пешаците и велосипедистите.Коцката е најмалку аеродинамичен облик кој може да се замисли и затоа треба да се подобрат камионските кабини. Тие промени носат посигурен и почист патен превоз. На превозниците ќе им се намалат трошоците за гориво, а европските производители на камиони ќе се стекнат со предност на светските пазари во осмислувањето на камионите на иднината, кои во поголема мерка ќе ја чуваат околината“, изјави комесарот за сообраќај Сиим Калас.Ако предлогот го прифатат Советот на ЕУ и Европскиот парламент, новите камиони би можеле да се најдат на патиштата некаде меѓу 2018 и 2020 година, проценува Комисијата.Новите правила би можеле да го легализираат прекуграничниот сообраќај на камиони со поголеми димензии од сега дозволените. Според сегашните правила, камионите за меѓународен превоз на стока можат да бидат долги до 18,75 метри и тешки до 40 тони.
МакфаксЕвропската комисија(ЕК) во понеделник предложи нови правила што ќе овозможат производство на аеродинамични камиони, ќе