Бугарија нема да влезе во еврозоната и да стане полноправна членка на Шенген зоната до 2026 година, се наведува во извештајот на аналитичарите на британски „Економист“.
Според нивните августовски прогнози, главниот проблем на Бугарија во моментов е политичката нестабилност.
Бугарија технички би можела да го усвои еврото до 2025 година доколку земјата има стабилна влада и постигне стабилност на цените, но сегашните услови укажуваат на одложување.