ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД НАЧЕКУВАЊЕТО ВО АТИНА: Платен убиец испука 97 истрели кон сопственикот на пумпата, испразни 2 рамки од пушка, а потоа потегна пиштол

Маскиран напаѓач вооружен со автоматска пушка уби маж на бензинска пумпа во Атина!

На снимката од надзорните камери се гледа како во неделата околу 2 часот по полноќ пред бензинската пумпа во Нео Космос ја подготвиле напаѓачите за Вангелис Зампунис (44). Напаѓачот може да се види како излегува од автомобилот, кој наеднаш застанал на бензинска пумпа, а потоа испукал рафали од пушка и пиштол од непосредна близина кон Зампунис, кој момент порано влегол во својот црн џип.

Локалните медиуми јавуваат дека на местото на убиството биле пронајдени 97 чаури.

Полицијата смета дека се работи за платено убиство и смета дека во нападот биле употребени најмалку два автомати калашников.

Зампунис исто така бил вооружен, но напаѓачите не му дале ниту секунда време да го употреби оружјето. Прототема наведува дека во неговиот теренец биле пронајдени „глок“ и „калашников“ со голем број куршуми.

Медиумите јавуваат и дека тој бил сопственик на бензинската пумпа каде што бил застрелан. Жртвата им била позната на властите бидејќи бил цел на вооружен напад во 2018 година во близина на пристаништето Пиреја. Тогаш преживеал бидејќи, според медиумите, му се заглавило оружјето на убиецот.

Зампунис беше познат како водач на група рекетари, но и како изнајмен убиец.

Полицијата по ликвидацијата пронашла опожарен автомобил што го користеле напаѓачите во Дафнија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.