ЕКСКЛУЗИВНО: Доцна вечерва приведен Владимир Тодоровиќ со уште десетина други лица

Доцна вечерва по слетување од Загреб на скопскиот аеродром приведен е екс-градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.

ЕКСКЛУЗИВНО: Доцна вечерва приведен Владимир Тодоровиќ со уште десетина други лица

Заедно со него во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Табановце бил приведен и Владимир Здравев, како и уште најмалку осум лица.

Истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка изутрина, бидејќи судијата одбил да ги сослуша уште вечерва, дознава Инфомакс.

Неофицијално се работи за предмет поврзан со проектот “Скопје 2014” отворен уште од СЈО од обвинителот Љубомир Лапе а потоа го превзема обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.