Експлозија се случи во околината на фабриката Слобода во Чачак. Според првичните информации едно лице е повредено, дознава Танјуг.
Повредениот е пренесен во болницата во Чачак. На терен е брза помош. Од болницата во Чачак соопштено е дека на итната помош со изгореници на лицето и вратот и повреда на десната рака е примен 36-годишен маж, кој е повреден во експлозијата што се случи во Слобода.