Голема полициско присуство синоќа е забележано кај Амбасадата на Израел во Стокхолм, откако во близина се слушнала силна експлозија.-Во реонот се слушна експлозија, а ние сме таму и проверуваме – изјавила портпаролката на полицијата во шведскиот главен град, Надја Нортон.Според локалните медиуми, полицијата пронашла оружје и испукан куршум. Областа е опколена и кучињата ја пребаруваат .-Постои квалификација за кривично дело, но во овој момент не сакаме да го откриеме – изјавила Нортон.Засега не е пронајдено ниту едно повредено лице. Од полицијата за „ТВ4 Нихетерн“ соопштиле дека нема опасност за јавноста.Засега нема информации за повредени луѓе.„Разговараме со сведоци и ги прегледуваме камерите во областа. Доколку некој видел нешто и сака да сподели со полицијата, ве молиме контактирајте не“, порачала Нортон.Во текот на годината, неколкупати беше зајакната безбедноста околу израелската амбасада. Вечерашниот инцидент доаѓа во време на засилени тензии и непријателства меѓу Израел, Либан и Иран на Блискиот Исток.
Пронајдете не на следниве мрежи: