Електронските направи сепак не влијаат на заедничкото време

Верувале или не, денес децата минуваат многу повеќе време во домот со родителите за разлика од пред 20 години. Разните електронски направи, особено мобилните телефони, одамна се на мета на критики бидејќи наводно се причина за отуѓување и намалување на квалитетот на заедничкото време со партнерот или семејството. Но изгледа дека ова се само празни приказни.
Електронските направи сепак не влијаат на заедничкото време


Учениците од Оксфорд откриле дека смартфоните, таблетите и останатата модерна технологија нема влијание врз квалитетното време коешто децата го минуваат дома со родителите. Резултатите покажале дека децата минуваат повеќе време во домот со родителите отколку пред 20 години.
Научниците ги анализирале записите од 5.000 дневници што ги пишувале 2.500 деца, на возраст од 8 до 16 години. Дневниците биле пишувани во периодот од 2000-та до 2015-та година.
„Нашето истражување покажа дека кај повеќето семејства, зголемено е заеднички поминатото време, иако станува збор за таканаречена ‘заедничка самотија’, каде што семејството е на исто место, но не прави работи заедно“, изјавил доктор Килијан Мулан од Универзитетот Оксфорд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.