ЕЛИТНО ДРУШТВО: Директорот на штаб на ДПМНЕ „награден“ со 18,5 милиони за две години…

Општините каде што се на власт кадрите на ДПМНЕ се претворени во цицачи за финансирање на функционерите и елитата во друштво на Мицкоски велат од Левица.

ЕЛИТНО ДРУШТВО: Директорот на штаб на ДПМНЕ „награден“ со 18,5 милиони за две години…

– Новоназначените лица од Мицкоски кои секојдневно пропагираат борба против криминалот и корупцијата во државава, за делење тендери и крадење на нашите народни пари зборуваат во прво лице, бидејќи и самите тие, како и оние кои ги осудуваат во јавност, си оствариле огромен сопствен бенефит. Имено, вкупно 18.053.858,5 денари градоначалниците на само две општини му подариле на директорот на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ , Ивица Томовски, поточно неговата компанија Сити Логистикс, се вели во соопштението од партијата.

Според Левица, во општина Гази Баба е склучен Договор за реконструкција на објект Трубарево – втора фаза меѓу ЈКП Гази Баба и Сити Логистикс, на ден 21.02.2023 година во вредност од 5.000.001,02 денари. Потпишан е од в.д. директорот Игор Атанасовски. Дополнително, уште еден Договор за реконструкција на објект меѓу ЈКП Гази Баба и Сити логистикс е склучен на ден 05.12.2022 година во вредност од 4.800.013,44 денари. Овој договор е исто така потпишан од в.д. директорот Игор Атанасовски. Тоа се вкупно од Гази Баба 9.800.014,46 денари додаваат од партијата.

– Со потпис на Хистијан Мицкоски, Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година. Само од плати во тој период Томовски добил над 2 милиони денари или над 30.000 евра. Компанијата Сити Логистикс и тогаш не била оставена на цедило бидејќи како тогашен Управител на ЕЛЕМ Турс, Томовски добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории каде што еден од тие договори е со вредност од 2 милиони и 600 илјади денари, поточно 42.000 евра. На тој договор потпис имаат ставено управителот Томовски и Мицкоски тврдат од партијата.

Од Левица велат дека неколку општини ги одржуваат во живот неколкуте компании кои што се блиски до Мицкоски, останатите општини директно како што тврдат од партијата му даваат финансиски инекции, а додека пак според нив централната власт се грижи за сопствените тендери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.