Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер тракторот“ кој ги гаси пожарите низ Македонија

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на противпожарниот „ер трактор“ на социјалните мрежи им се заблагодари на своите сограѓани од Битола за поддршката која му ја даваат во борбата против огнената стихија која го зафати градот на конзулите.

„Вечерва сум посебно среќен затоа што добив огромна поддршка од моите сограѓани и пријатели од мојата Битола. Ова ми дава сила да продолжам понатаму да се борам со огнената стихија која ја погоди Битола и цела Македонија. Не смееме да заборавиме да им оддадеме чест и поддршка на сите кои беа долу и се бореа со огнот без престан. Тие се вистински херои“ напиша Михалчев

Пронајдете не на следниве мрежи: