Енвер Тоска, полицаецот кој ланокрвно застрела, а потоа со бензин го поли и го запали несреќниот Бекир А. кој требало да купи автомобил во селото Беловодица, за што Тоска служел како посредник се заканувал со „Света војна“.
Интересно е што по убиството, Тоска му ги земал парите, го запалил несреќникот и неговото возило, по што го напуштил местото на настанот и вечерта се упатил на митинг на кој присуствувал заменик-министерот за внатрешни работи Нухиу, во рамки на предреферендумската кампања, за што објави и фотографии од настанот. Се шпекулира дека тој се вработил во МВР за 7000 евра иако не ја поминал обуката во Идризово.
Во една прилика тој пред сите колеги во станицата се заканил дека ова било „Света војна“ и дека македонските полицајци „ќе платат за ова“.
Од извори во полицијата се дознава дека Енвер заедно со уште еден колега Албанец, на униформите на Македонската полиција ги отстранувале официјалните амблеми и на нивно место лепеле амблеми на „Народно ослободителната армија на Албанија“, односно крило на терористичката УЧК.
Енвер Тоска, бил истотака пријавен и за продажба на службената радио станица која со помош на ГПС системот била лоцирана во Арачиново и оттаму одземена. За ова Тоска добил казна од само 5% на плата. Неколку дена пред убиството Тоска бил пријавен и за кражба на очила од келнер во кафуле во Битола, за што не бил составен записник ниту официјален поднесок.
Мошне симптоматично е што во Битола каде што не живеат Албанци бројот на полицајци во станицата е голем и имаат пристап до плановите за одбрана во кризни состојби.