Многу високи концентрации на канцерогените ПМ10 честички утрово се регистрирани во речиси сите места каде има мерни станици. Сепак, најалармантно е во Тетово. Градот денес е лидер по загаденост на воздухот во земјава, а концентрацијата на ПМ10 честичките е 181. Во Миладиновци концентрацијата е 178, Куманово-168, Битола и Ѓорче Петров-114, Центар-112.