Ер Франс ги прекина летовите од парискиот аеродром Шарл де Гол до Бејрут и Тел Авив до утре, заклучно со 19 септември, поради ескалација на безбедносната ситуација на Блискиот Исток.„Летовите ќе продолжат по проценка на ситуацијата“, додаваат од авиокомпанијата, пренесува Ројтерс.Претходно во текот на денот, Луфтханза исто така објави дека ги прекинува летовите до и од Тел Авив и Техеран и дека ќе го заобиколи израелскиот и иранскиот воздушен простор до 19 септември.Најмалку девет лица загинаа, а речиси 3.000 беа ранети во вторникот кога пејџерите користени од членовите на Хезболах експлодираа истовремено низ Либан.
Пронајдете не на следниве мрежи: