Ериксен и лекарите кои го вратија во живот ќе бидат специјални гости на финалето на ЕУРО 2020

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен и лекаритe кои го вратиja во живот фудбалерот откако неговото срце престана да чука за време на натпреварот против Финска, ќе бидат специјални гости на финалето на ЕУРО2020, соопшти денеска УЕФА.
Носителот на играта на данската репрезентација колабираше на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген во завршните минути од првото полувреме во воведниот натпревар од групата Б додека лекарската интервенција се одвиваше пред телевизиските камери.
Шестчлениот медицински тим успеа да го оживее Ериксен, а данската репрезентација и покрај шокот и поразот во продолжението на натпреварот, заигра одлично во продолжение на ЕУРО2020 и утре против Англија ќе има шанса да избори пласман во финалето на 11 јули на „Вембли“ во Лондон.
-Возбуден сум како дете пред Божик. Исклучително сум горд на сопствениот труд, но и на целата екипа. Се надевам дека во финалето ќе играат Данска и Италија. Замислете само доколку станеме европски прваци, изјави еден од членовите на медицинскиот тим Педер Ерсгард.
Ериксен по неколкудневен престој ја напушти болницата во Копенхаген и закрепнува во својот дом.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.