На вчерашната владина седница Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на местото на Ѓоко Котевски кој си поднесе оставка во февруари, по инцидентот со обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески во дворот на истражниот затвор.
Оставката на Котевски му беше констатирана веднаш, но за именување на новиот директор се чекаше да завршат претседателските избри.
Есад Рахиќ беше пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година кога беше исклучен од партијата и во вториот пратенички мандат делуваше како независен.