ЕУ: Дијалогот продолжува и без договор за северот на Косово

Европската унија (ЕУ) чека на подробни и појасни изјаснувања на Белград и Приштина за северот на Косово за да донесе заклучок, но дијалогот ќе продолжи за сите значајни прашања и за спроведување на договореното и во случај да не се најде решение за северот, велат официјални претставници на ЕУ.Предлозите кои делегациите на Белград и Приштина ги ставија на преговарачката маса во некои значајни делови се воопштени. Поради тоа високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон мора до вторник да добие прецизни образложенија за да може да го заокружи судот и да размисли како би можело тоа да се внесе во извештајот, кој заедно со европската комисија ќе го поднесе на Советот на министри на ЕУ.Дијалогот вклучува и идно решавање на надлежноста за српските општини на северот на Косово, дури и ако не биде постигната спогодба, тој мора да продолжи за да се дојде до нормализација на односите, која на Белград и Приштина им ги отвора вратите за побрзо интегрирање во ЕУ.
МакфаксЕвропската унија (ЕУ) чека на подробни и појасни изјаснувања на Белград и Приштина за северот на Косово за да донесе з

Пронајдете не на следниве мрежи: