На прашање на “Пресинг“ ТВ дали доколку Унгарија како земја членка на ЕУ одобри азил ЕУ тоа ќе го почитува портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич одговара дека Европската унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија, додавајќи дека тоа е случај кој не смее да се политизира.
“Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејстуваат строго во согласност со релавантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира”, изјави Коцијанчич.