Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека Русија повторно извршила воздушни напади врз украинските градови.
„Русија ги напаѓа Киев, Харков, Запорожје, Лавов и други украински градови, а го наруши и воздушниот простор на Молдавија. Бомбардирањето цивилни цели е воено злосторство и нема да остане неказнето. ЕУ ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани додека не победи. Ние стоиме со Украина“, напиша Борел на Твитер.