Челниците на Европската централна банка (ЕЦБ) остро се спротивставија во петокот на политичките притисоци врз ЕЦБ да го таргетира курсот на еврото.
Во пресрет на будно очекуваниот состанок на министри за финансии на Г20, претседателот на ЕЦБ, Марио Драги жестоко одговори на зачестените примедби за валутите, оценувајќи ги истите како „непримерни, неучинковити и штетни“.„Сите тие приказни во изминатите неколку недели беа непримерни или неучинковити, а во секој случај се против основната намена“, рече Драги.И првиот човек на германската централна банка Бундесбанк, Јенс Вајдман, кој е член а Управниот одбор на ЕЦБ, се придружи кон оценките на Драги, порачувајќи дека еврото не е сериозно преценето и дека ЕЦБ нема да ја менува монетарната политика исклучиво врз основа на влијанието на неговиот курс врз инфлацијата.Јакнењето на еврото е само еден од факторите врз основа на кои се пресметува идната стапка на инфлацијата.Сигурно дека нема ниту една одлука поврзана со монетарната политика да ја темелиме само врз основа на еден фактор“, порача Вајдман.
Макфакс Челниците на Европската централна банка (ЕЦБ