Тело на жена (42), со страшни повреди во пределот на главата, е пронајдено во понеделникот во куќа во село во близина на романскиот град Манзати, и маж (43), со кого жртвата наводно била во тајнa љубовна врска, е осомничен за убиство.
Локалните медиуми јавуваат дека брутално била убиена Кристина, мајка на 22-годишна девојка, која наводно по расправијата со сопругот Џорџ истрчала во прегратките на својот љубовник.
- Се пријавил за правобранител, а го бркаат за криминал: Кој е Беким Емини, кандидат за правобранител?Прашање што би требало да ја мачи јавноста: Kaко некој би ја… Read more: Се пријавил за правобранител, а го бркаат за криминал: Кој е Беким Емини, кандидат за правобранител?
- Забележан манијак во Центар, се соблакал пред малолетнициВчера во 12.40 часот во СВР Скопје, од страна на 39-годишна жена… Read more: Забележан манијак во Центар, се соблакал пред малолетници
- Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во државата, кај еден од нив пронајдена дрогаДвајца Турци уапсени синоќа во скопски Карпош. Незаконски престојувале во земјава, а… Read more: Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во државата, кај еден од нив пронајдена дрога
- УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, ИРАН И КИНА: Зеленски потпиша важен декрет, еве кој е засегнат од меркитеПретседателот на Украина Володимир Зеленски ја спроведе одлуката на Советот за национална… Read more: УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, ИРАН И КИНА: Зеленски потпиша важен декрет, еве кој е засегнат од мерките
- Билети за концертот на Адел од 3.500 долари до огромни 70.000 долари: Фановите гневни …По Европа, британската поп пејачка Адел ја продолжува турнејата во Лас Вегас,… Read more: Билети за концертот на Адел од 3.500 долари до огромни 70.000 долари: Фановите гневни …
Во неделата вечерта Кристина и нејзиниот сопруг се скарале, по што таа бесно му рекла дека оди во соседното село. Сепак, се верува дека таа застанала во близина, во куќата на маж со кој наводно била во тајна врска извесно време.
Се верува дека парот пиел во текот на вечерта и дека во еден момент дошло до расправија меѓу двајцата. Тогаш се сомнева дека мажот, чие име не се соопштува, грабнал секира и ја удрил Кристина неколку пати во главата. Следното утро тој, наводно, самиот дошол кај Џорџ и му кажал дека Кристина е мртва.
„Утрото кај мене дојде ќерката на Кристина која живее во близина и се тресеше. Ми кажа дека дошол човек и го повикал татко и’ до капијата. Кога дошол сопругот на Кристина, тој му рекол: Здраво Џорџ, дојди да ти кажам нешто. Кристина, твојата сопруга е мртва во мојот двор, во мојата куќа. Јас лично никогаш не сум слушнал дека се скарале и дека имало проблеми во бракот“, изјави за медиумите соседот на убиената.
Сите во селото имаат само пофални зборови за убиената Кристина.
“Таа беше многу вредна жена, тивка. Работеше многу, го издржуваше семејството, но знаеше да пие”, велат мештаните.
Осомничениот за нејзиното убиство е приведен, а полицијата соопшти дека на 12 февруари, околу 9 часот, ѝ се јавила ќерката на жртвата.
Телото со видливи повреди во пределот на главата е пренесено на обдукција, за да се утврди точната причина за смртта“, соопшти полицијата.
Како што наведоа, приведен е сопственикот на куќата во која е пронајдено телото на Криста.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.