Денеска доктор Жан Митрев еповикан на распит во скопското обвинителство, по предметот кој беше отворен по сторијатана ИРЛ, за лекување на ковид пациенти со методот на хемофилтрација.
По исказот на Жан Митрев, а поради опасност да избега, одземен е неговиот пасош:
…На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на сопственикот на клиниката Жан Митрев, му го одзеде пасошот…
-Точно е дека лицето е повикано на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој беше отворен во обвинителството по допрен глас. Распитот го води обвинителката која го работи предметот, изјавиле од Обвинителството.
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на сопственикот на клиниката Жан Митрев, му го одзеде пасошот.
Судот е согласен со наводите на обвинителството дека постои опасност Митрев да избега.
Обвинителството соопшти дека отвори истражна постапка против доктор Митрев за кривично дело „Измама на пациенти“.
Основното јавно обвинителството – Скопје по допрен глас оформи предмет на 18 јули, откако ИРЛ објави истражување за работењето на клиничката болница „Жан Митрев“ и на доктор Жан Митрев во периодот од 2020 до 2022 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.