Жена загина во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес, информира МВР.
-Вчера во 16:30 часот на автопат Скопје-Велес, кај село Катланово, патничко возило „ауди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Ф.Г. од Богданци, излетало од патот. Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје – информираат од полицијата.