Поранешната ескорт дама Гвинет Монтенегро ѝ стана позната на јавноста по шокантната изјава дека спиела со 10 илјади мажи, а таа одлучила да сподели дел од своето богато искуство.
Помеѓу останатото, Гвинет за “Daily Mail” открила дека постои причина поради која мажите најчесто изневеруваат, а тоа не е само потребата за секс.
“Секогаш постои психолошка мотивација за неверство. Мажите не секогаш ги интересира само она што жените го имаат помеѓу нозете, иако многумина го мислат тоа. Постојат разни причини поради кои тие изневеруваат, но најчестата е поради тоа што сакаат да се чувствуваат посакувано.
Мажите не се ништо поразлично од жените, и тие имаат чувства, бараат блискост и поврзаност”, раскажала Монтенегро.
Таа додала и дека многумина од нив го прават тоа за да се чувствуваат мажествено.
“Не изневеруваат само затоа што можат или затоа што сакаат секс. Мажите сакаат да се почувствуваат мажествено и се плашат кога ќе помислат дека ја изгубиле моќта. 99 отсто од моите клиенти сакале интимност, сакале сексуално да ме задоволат, тоа за нив е еден вид потврда за машкоста”, заклучила таа.