Жена првпат на чело на тајната служба на САД

Првпат во историјата шеф на американската Тајна служба, одговорна за заштита на првите луѓе на земјата – е жена, откако во вторникот претседателот Барак Обама за нов шеф на Тајната служба ја именуваше Џулија Пирсон, која во последно време раководеше одделот за персонал на специјалната служба.Именувањето на Џулија Пирсон доаѓа откако минатиот месец шефот на службата за заштита на американскиот претседател и потпретседател, како и на челниците на администрацијата, Марк Саливан, ја објави својата намера да поднесе оставка.„За повеќе од 30 години минати во службата, Џулија потврди дека поседува извонреден дух и искуство кои припадниците на Тајната служба ги покажуваат секојдневно“, изјави американскиот претседател Барак Обама во вторникот по локално време, претставувајќи ја новата челничка на службата која се грижи за безбедноста на американскиот државен врв.На Пирсон ѝ претстои работа на враќањето на угледот на специјалната служба, кој беше разнишан по серијата скандали во кои беа инволвирани нејзините припадници. Најголемиот се случи пред една година, во текот на подготовката на посетата на американскиот претседател на Колумбија. Тогаш повеќе агенти на Тајната служба беа вмешани во аферата со користење услуги на локални проститутки, и тоа во нивните изнајмени апартмани.За именувањето на Џулија Пирсон не е потребна потврда од Сенатот.Педесет итригодишната Пирсон ја започнала својата кариера во Тајната служба пред три децении како агент во Мајами, а претходно три години била полицаец во Орландо, соопшти Белата куќа.Според The Washington Post, нејзиното именување, делумно, има и токму цел да ја промени „културата на однесување во службата чиишто машки припадници ја нарушија“ при неколку патувања во странство.
МакфаксПрвпат во историјата шеф на американската Тајна служба, одговорна за заштита на првите луѓе на земјата – е жена, откак

Пронајдете не на следниве мрежи: