55-годишен жител на тетовско пријавил во полиција дека со години бил уценуван од жена од Тетово со која порано бил во врска. Тој во последните три години ѝ дал 20.000 евра, откако жената му се заканила дека ќе ѝ каже на неговата сопруга за врската што ја имале, соопшти полицијата.
„На 20.11.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово, 55 годишен маж од тетовско село пријавил дека бил уценет од жена од Тетово, со која порано бил во врска. Според пријавеното, последните три години таа му се јавувала на телефон и му кажала дека има дете со него и му барала пари за подмирување на долгови, а доколку не и даде ќе и кажела на неговата сопруга за нивната врска. Како што е пријавено, тој досега ѝ дал околу 20.000 евра, а во последните четири дена му барала уште 7.000 евра“, пишува во полициското соопштение.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.