Жена чекала да се отвори продавницата, а потоа ролетните и го фатиле капутот и ја кренале на 3 метри од земја: Трагедија била избегната од чиста среќа (ВИДЕО)

Повозрасна жена (71) останала да виси наопаку откако палтото при отварање на продавницата и се заглавило во заштитните ролетни, поставени на надворешниот излог од продавницата.Дека Ен Хјуз била на погрешно место во погрешно време, покажува и видеото од надзорната камера на кое се гледа како ролетните ја креваат речиси 3 метри во воздух пред локална продавница во велшкото село Тонтег.Според локалните медиуми, Ен го добила прекарот „Супер Ен“ во нејзиното родно село, која тогаш изјавила дека „ вакво нешто може да и се случи само на неа “.

„Никогаш нема да престане“„Среќа што имам добра смисла за хумор“, рече таа откако продавницата сподели видео од надзорните камери, што е прегледано речиси 2 милиони пати.Хјуз стоела пред продавницата во која работи како чистачка и чекала да се отвори, кога електричните ролетни се кренале и капутот и се заглавил. На видеото се гледа како таа виси наопаку пред продавачот да ја спаси држејќи ја во раце додека ролетните полека се спуштаа за да му помогнат.– Учам да живеам со славата. Никогаш нема да го слушнам крајот на ова. Кога ролетните отидоа до крај, го извикав името на продавачот и фала му на Бога што ме слушна и излезе да помогне. Се сеќавам дека му реков „само фати ми ја главата“ – се загрижив дека ќе паднам, покажував кон бетонот – додаде Ен.Таа додаде дека иако била потресена од инцидентот, таа на ниту еден начин не била повредена.

Пронајдете не на следниве мрежи: