Жените кои се будат рано наутро секој ден се штитат од опасна болест, а не се свесни за тоа

Жените кои се будат рано наутро секој ден се штитат од опасна болест, а не се свесни за тоаЖените кои за себе велат дека се утрински птици имаат помали шанси за појава на депресија. Истражувањето во кое учествуваа 32.000 жени откриено е дека оние кои се будат рано наутро имаат помал ризик за развој на психички болести, при што денската светлина има големо влијание.
Истражувањето траело 4 години и опфатило собирање податоци од 32.470 медицински сестри кои во просек имаат околу 55 години. Кога во 2009 година започна анализата, 37 % од жените се опишале како ранобудци, 53 % кои се будат подоцна и 10 % како ноќни птици. На крајот од истражувањето од 2.581 случаеви на депресија, 290 од нив биле ноќни птици. Се покажа дека оние кои се будат подоцна имаат поголеми шанси за депресија, дури и покрај другите причини кои што се осамен живот, пушење и слободен статус.


Истражувањето покажало дека дневната светлина има големо влијание за помал развој на депресија, но тоа не значи дека депресијата е осигурана за ноќните птици.
Авторката на истражувањето Селин Ветер укажа дека хронотипот кога станува збор за депресија е релевантен, но дека има мали ефекти.
“Обидете се да се наспиете доволно, вежбајте, поминувајте време надвор, исклучете го светлото навечер, обидете се да се изложувате на денска светлина колку што можете повеќе”, вели таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.