Жените кои се во среќни врски не се загрижени за килограмите

Авторката на истражувањето, Сабина Ватер од Универзитетот во Талин, испита повеќе од 250 жени на возраст од 20 до 45 години, кои биле во врска или во брак.
Две третини од испитаничките живееле со нивниот дечко, а останатите биле мажени. Сите одговарале на прашања за нивната врска, за тоа колку се задоволни емоционално, сексуално и интелектуално и кои заеднички интереси ги имаат со партнерот.
Биле прашани и колку килограми би сакале да имаат за да бидат задоволни со личниот изглед.
По дадените одговори, крајниот заклучок е дека жените кои се во среќни врски имале најмалку приговори за својата тежина. Исто така, имаат поголема самодоверба во однос на оние кои не се во среќна врска и имаат помалку килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.