Австралискиот портал mamamia.com.au направи анкета меѓу своите читателки и ги праша жените за што најчесто лажат во врска. Жените беа искрени, за сѐ – од најмалите ситници до големите лаги.
Една читателка откри дека го изгубила скапиот прстен што ѝ го купил дечкото и дека купила евтина верзија на тој модел и го лажела дека го носи вистинскиот прстен.
Друга го уверила партнерот дека ѝ се допаѓаат обетките што ѝ ги подарил.
„Во истиот момент знаев дека никогаш нема да ги ставам, но се преправав дека сум многу возбудена и дека се прекрасни“, вели таа.
Една од анкетираните жени откри дека секогаш ја претставува цената на работите што ги купила за 20% за да не ѝ се лути партнерот дека троши многу пари. Ова искуство го потврдија и други читателки.
Лагите за храна се по малку смешни – една излажала дека го изела ручекот што ѝ го спакувал партнерот за на работа, а всушност си купила сендвич, а друга лажела дека ги јаде остатоците од ручекот од претходниот ден, а всушност си нарачувала McDonald’s.
Многу жени признале дека се преправале пред партнерите дека им се допаѓаат нивните пријатели и роднини во почетокот на врската. Повеќето од нив подоцна признале дека тоа не е така и тоа не им се одразило на врските.