Градите на жените играат огромна улога во машката фантазија и тоа не е никаква новост. Но, фактот дека емотивната потреба на мажите ја одредува големината на градите на нивните избранички, е нешто сосема ново.
Имено, едно неодамнешно истражување покажа дека од склоноста кон големи или мали гради може да се открие многу повеќе за мажите отколку што може да се претпостави.
Рака на срце, добро размислете – задоволни ли сте со големината? Доколку не сте, немојте да се грижите. Истражувањето на Универзитетот Вроцлав покажа дека мажите сакаат жени со помали гради бидејќи сметаат дека тие се поверни од оние кои природата ги надарила со раскошно деколте. Имено, поголемиот дел од испитаниците сметале дека жените со број на градник 80 или поголем не се прикладни за сериозна врска, туку само за краткотрајна сексуална авантура.
Сепак, мажите истакнале дека при запознавање со претставничка на понежниот пол не „зјапаат“ само во нејзиното деколте, туку убавото лице и насмевката им се од поголема и исклучителна важност. Повеќе од половина од испитаниците откриле дека после лицето, на ред доаѓаат градите, нозете и задникот.
Значи, без оглед на големината на вашиот градник, бидете самоуверени. Кога се подготвувате за излегување, потрудете се да ја ставите најубавата насмевка на вашето лице, наместо „pushup“ на вашите гради! Многу жени страдаат од комплекси поради големината на своите гради и голем дел од нив, кога би им се дала шанса, без размислување би го зголемиле обемот на својот граден кош. Меѓутоа за сите жени со мали гради експертите имаат многу добри вести.
Мали гради – поголемо сексуално задоволство
Истражувањето спроведено во универзитетот во Виена ни носи многу интересни информации. Тие докажале дека осетливоста на градите е многу поизразена кај жените со помали гради. Исто така овие жени биле посензуални, повеќе уживале во сексот и накратко кажано биле подобри во кревет.
Дамите со мали гради се во подобра здравствена состојба
Кај малите гради е многу полесно навреме да се открие зачеток на карценогена формација и да се отстрани уште во почетен стадиум. Кај жените со поголеми гради ова е отежнато, поради масното ткиво во градите. Исто така големите гради се преголем терет за вратот и кичмата.
Мали гради-младоликост
Сите знаеме дека големите гради еден ден ќе бидат нападнати од силата на гравитацијата, додека малите гради својот облик ќе го задржат многу подолго. Во времето на пештерскиот човек, мажите не знаеле како најдобро да ја проценат возраста кај жените, па тоа го правеле врз основа на големината на градите. Со обзир на тоа дека големите гради многу брзо виснуваат, па тие ги избирале жените со помали гради бидејќи тие им изгледале помлади и повитални.
Големи гради, но силиконски!
Овде нема потреба многу да се коментира. Речиси 90% од мажите не сакаат жени со вештачки гради и се изјасниле дека ваквите жени им изгледаат површни и евтини!
Затоа сакајте ги своите мали гради, гледате дека има многу и добри причини за тоа!