Женска одмазда: Кога нејзиниот сопруг го отвори сандачето, за малку ќе се онесвестеше

Американка од Охајо решила да му се одмазди на сопругот и му ставила лажна змија во поштенското сандаче.
На снимката што настанала пред десетина дена, а сега се споделува на социјалните мрежи, се гледа реакцијата на сопругот.
Тој мирно оди до поштенското сандаче, а кога ја здогледува лажната змија толку се преплашува што паѓа на тротоарот.

Потоа неколку пати погледнува во сандачето во обид да се соочи со змијата, додека не увиди дека станува збор за шега.
Жената објаснува дека таа и сопругот постојано си правеле шеги меѓу себе, а дека оваа била најуспешна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.