Жесток скандал ја тресе Унгарија! Разузнавачката служба со години ги шпионирала функционерите на ЕУ, цел биле сите делегации!

Унгарското разузнавање ги шпионирало претставниците на ЕУ за време на нивната посета на Будимпешта, кога агентите ги пребарале нивните хотелски соби и земале информации од лаптопите, се вели во заедничкиот извештај на белгискиот весник „Де Тиџд“ и унгарската невладина организација „Директ36“ објавен денеска.Во извештајот се посочува дека унгарската разузнавачка агенција IH собирала информации и од унгарски граѓани кои работат во институциите на ЕУ, или со тоа што ги поттикнувала на соработка или со шпионирање без нивно знаење, објави Еурактив.Се вели дека унгарската разузнавачка агенција шпионирала претставници на ЕУ неколку години, а европските функционери во последните месеци почесто патувале во Будимпешта бидејќи Унгарија претседава со Советот на ЕУ од јули до крајот на оваа година.Белгискиот весник пишува дека е направена дистрибуција во рамките на IH со цел да се следат функционерите на институциите на ЕУ.Извештајот особено се занимава со шпионирањето на истражителите од Канцеларијата за борба против измами на ЕУ (ОЛАФ) помеѓу 2015 и 2017 година.ОЛАФ ја истражуваше можната злоупотреба на фондовите на ЕУ и затоа испраќаше службеници во Унгарија во четири наврати.Во извештајот се наведува дека унгарските разузнавачи ги снимале телефонските повици на истражителите на ОЛАФ, ги следеле и ги шпионирале нивните приватни состаноци.Според изворите на Де Тиџд, имало период кога речиси сите делегации на ЕУ кои биле во посета на Унгарија биле шпионирани.

Пронајдете не на следниве мрежи: