Жељазко Радуков именуван за амбасадор во Северна Македонија

Радуков, освен што е дипломат, ја извршува и функцијата организациски секретар на бугарскиот дел од заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Бугарија Румен Радев и владата постигнаа договор за именување на Жељазко Радуков за амбасадор во Северна Македонија. Тој ќе го замени сегашниот амбасадор Ангел Ангелов чијшто мандат завршува во јуни 2024 година.

Радуков, освен што е дипломат, ја извршува и функцијата организациски секретар на бугарскиот дел од заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Од 2021 година Жељаско Радуков е одговорен за Министерството за надворешни работи за Република Северна Македонија во билатерален и во европски контекст.

Како што стои во образложението за неговиот предлог, поднесен од бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел, тој ја имал клучната улога во креирањето и спроведувањето на Европскиот компромис од 2022 година, како и во билатералните преговори за Протоколот од Вториот состанок на меѓувладината комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со С Македонија, потпишан во јуни 2022 година.

Во текот на неговиот професионален развој бил директно вклучен и во Дирекцијата „Југоисточна Европа“ на тамошното МНР, каде што бил одговорен за Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, во насока на развој на билатералните односи со овие земји, вклучително и за нивната европска димензија.

Радуков го претставувал бугарското МНР на меѓународни форуми, учествувал во билатерални и мултилатерални преговори и во подготовка на стратешки документи за развој на надворешнополитичките односи на Република Бугарија во регионот на Западниот Балкан.

Помагал и во администрирање на проекти во рамките на овозможување на механизми за финансиска поддршка на Бугарија во странските земји, во насока на програмите за поддршка на тамошните бугарски заедници.

Во периодот од 2010 до 2013 година Радуков е назначен за трет секретар во бугарската амбасада во С Македонија, каде што бил одговорен за политички прашања и парламентарна дипломатија, за односите со политичките партии, за бугарската заедница, невладиниот сектор и локалните власти, како и за информативните активности за процесите во Северна Македонија, но и за јавната дипломатија.

Радуков, во периодот од 2019 до 2021 година, пак, е распределен да биде прв секретар во Амбасадата на Република Бугарија во Белград, каде што дејствувал во решавање на проблемите на бугарската деловна и економска дипломатија, за односите со организациите на бугарската заедница, за невладиниот сектор и политичките партии, а имал и информативна активност за судењата во Србија, Црна Гора и Косово. Но, бил одговорен и во односите на јавната дипломатија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.