Пејачот Жељко Јоксимовиќ пораснал во Ваљево, со неговиот брат Саша и родителите Весна и Бранислав. Неговата родна куќа е опкружена со дрвена ограда, а Весна Јоксимовиќ среди сè по свои стандарди и создаде вистинска оаза на мирот. View this post on Instagram A post shared by Vesna Joksimovic (@vesnagjoksimovic)Мајката на Жељко често објавува фотографии на својот Инстаграм профил и покажува како го уредила дворот на семејната куќа, а може да се забележи дека е голем љубител на цвеќето кое често им го покажува на следбениците.
Низ куќата има зеленило, а Весна се погрижила да го уреди секој детал кога е имотот во прашање и често добива грст комплименти дека е вистинска домаќинка.Инаку, денес Јоксимовиќ живее во прекрасна вила со сопругата, водителката Јована Јоксимовиќ и децата, а пејачот вака проговори за преселба во Белград.
– Доаѓањето во Белград за мене беше уништување на системот, шок. Видов дека ме чекаат мачни години напор, работа, пожртвуваност, непроспиени ноќи, очај… Ништо не беше како што мислев дека ќе биде, освен мојата желба да успеам. И навистина се борев како лав. Во некои моменти ми беше најлесно да се откажам и да се вратам дома, а понекогаш бев гладен, несреќен, изигран и сосема сам. На почетокот едвај врзав крај со крај. И некако ми беше поразително да се откажам и да кажам: Се обидов, но не успеав. Затоа работев без пауза и ноќе и дење и бев убеден дека некој ќе го препознае – изјавил во една прилика Јоксимовиќ.