„Живеам затоа што морам“: Фута скршен од болка, одржан помен по смртта на синот Лаќа

Милан Лаќа Радуловиќ ненадејно почина во декември во Израел, на 36-годишна возраст, а иако не се знае точниот датум на неговата смрт, неговото семејство и блиските пријатели минатата сабота одржаа 40-дневен помен.

Неговиот татко Александар Фута Радуловиќ, чиј друг син и сопругата Марина Туцаковиќ веќе починаа, остана сосема сам, што уште повеќе ги загрижи неговите блиски.

„Добро сум, живеам како што морам. Панихида одржавме во сабота на 21-ви јануари само најблиските. Се држам, што друго би можел, фала ви“ – изјавил тој за српските медиуми.
Веста за смртта на Милан Лаќа Радуловиќ ја шокираше јавноста во Србија. Имено, тој бил на одмор во Израел, каде пристигнал на почетокот на декември 2022 година, а планот му бил таму да помине помалку од дваесет дена.

Фута го пријавил својот син за исчезнат на 19 декември, откако неколку дена немал инфоамција за него. Само еден ден подоцна, израелската полиција ја известила српската амбасада дека е пронајдено неидентификувано тело кое одговара на описот што им е даден.
Погребан е на Новите гробишта во Белград на 27-ми декември, во семејната гробница каде почива покрај мајка му Марина Туцаковиќ и братот Милош.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.