Живеел во најголема беда, поради што и се самоубил: Негова слика продадена за 7 милиони евра

Една од првите уметнички творби на холандскиот сликар Винсент Ван Гог е продадено синоќа во Париз за повеќе од седум милиони евра, соопшти аукциската куќа Аркиријал.
Во прашање е најзначајната продажба на некое дело на овој холандски мајстор во Франција во последните 20 години.
Сликата „Жени кои крпат платно на динамо“ е насликана во 1882 година, кога Ван Гог имал 29 години, таа е продадена на американски колекционер за седум милиони и 65 илјади долари. Делото било проценето на три до пет милиони евра.
Претходниот сопственик на сликата, европски колекционер чие име исто така не е соопштено, сликата од 2007 до 2015 година ја имаше позајмено на музејот посветен на Ван Гог во Амстердам.
Сликата, која порано беше изложена и во музеите во Монтреал и Хаг, пред аукцијата можеше да се види во аукциската куќа Аркиријал.
Последната аукциска продажба на некое дело на Винсент Ван Гог е одржана во средината на 90-тите години. Тогаш неговата слика „Градина во Овер“ беше продадена за околу 10 милиони долари.

Винсент Ван Гог беше еден од најголемите уметници во историјата, чие дело пресудно влијаеше на создавањето на новиот ликовен израз во европското сликарство.
Славата ја стекна постхумно. Несфатен и непризнат за живото во депресија изврши самоубиство во 1890 година, со само 37 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.