Живко Попов е нов претседател на МАНУ

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов. Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.

Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте. На прес-конференцијата во Брисел тој потсети дека САД потрошиле десетици милијарди долари за …
ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда. Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, утврди дека 90 отсто од неговите проектили успешно …

Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов – претседател, акад. Алајдин Абази – потпретседател, акад. Витомир Митевски – потпретседател, доп. член Блажо Боев – секретар, акад. Ѓорги Поп-Атанасов – секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски – секретар на Одделението за општествени науки, акад. Нада Поп-Јорданова – секретар на Одделението за медицински науки, акад. Љупчо Коцарев – секретар на Одделението за технички науки, акад. Дончо Димовски – секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, акад. Влада Урошевиќ – секретар на Одделението за уметност, – акад. Глигор Каневче – избран член.

На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: