Овие вистини нè прават посилни, а со тоа и посреќни.
1. Животот не е лесен
Напорната работа ги прави луѓето среќни. Тоа е начинот на кој соништата се претвораат во реалност. Така што, почнувајте го секое утро подготвени да истрчате подалеку отколку што сте истрчале вчера и борете се пожестоко од порано.
2. Понекогаш ќе доживеете неуспех
Колку побрзо ќе го прифатите ова, толку побрзо ќе можете да продолжите со својата брилијантност. Никогаш нема да бидете 100% сигурни дека нешто ќе функционира, но бидете 100% сигурни дека правењето ништо, никогаш нема да профункционира. Затоа, излезете надвор и направете нешто! Или ќе успеете или ќе научите вредна животна лекција. Во секој случај, добивате.
3. Токму во овој момент, има многу нешта кои не ги знаете
Денот кога ќе престанете да учите е денот кога престанувате да живеете. Зграпчете ги новите информации, размислувајте за нив и искористете ги за да напредувате!
4. Можеби нема да има утре
Барем не за секого. Токму сега, некој на Земјата планира нешто за утре, без да размислува дека можеби денес ќе умре. Ова е тажна вистина. Затоа денес, потрошете го времето мудро и правете доволно долги паузи за да научите да го цените тоа.
5. Има многу работи чија контрола не е во ваша моќ
Губењето на вашето време, талентот и на емоционалната енергија, на работи кои се надвор од ваша контрола е рецепт за фрустрација, беда и стагнација. Инвестирајте ја вашата енергија во нешта врз кои можете да влијаете.
6. Информацијата не е вистинско знаење
Знаењето доаѓа од искуството. Можете да разговарате за една работа 100 пати, но овие муабети ќе ви дадат само филозофско гледиште за неа. Мора да ја искусите работата за вистински да ја разберете.
7. Не можете да бидете успешни без да дадете вредности
Не трошете си го времето обидувајќи да станете успешни, трошете го на произведување вредности. Кога ќе бидете вредни за светот околу вас, тогаш сте и успешни.
8. Некој друг секогаш ќе има повеќе од вас
Без разлика дали тоа се пари, пријатели или магични топчиња што сте ги собирале, секогаш ќе има некој што ќе има повеќе од вас. Но запомнете, не се работи за тоа колку имате, се работи за тоа колку страст сте вложиле за да ги добиете тие работи. Уживајте во патувањето, не само во постигнатата цел.
9. Не можете да го смените минатото
Како што еднаш рекла Марија Робинсон: „Никој не може да се врати назад и да почне одново, но секој може да почне денес и да изгради нов крај.“ Вие не можете да го промените она што се случило, но можете да го промените начинот на кој ќе реагирате на тоа.
10. Единствената личност која може да ве направи среќни сте вие
Коренот на личната среќа доаѓа од нашата врска со себеси. Секако, други луѓе можат да имаат краткотрајни ефекти врз вашето расположение, но на крајот ништо не е поважно од тоа како вие се чувствувате однатре.
11. Секогаш ќе има луѓе на кои не сте им драги
Не можете да бидете сè на секого. Без разлика што се трудите да направите, секогаш ќе има некој друг кој ќе мисли поинаку. Затоа, сконцентрирајте се на тоа што сакате да го правите, бидејќи вашето срце секогаш е во право. Што другите мислат и велат за вас, не е важно. Она што е важно е како се чувствувате со самите себеси.
12. Не секогаш ќе го имате тоа што го посакувате
Како што вели Мик Џегер: „Не може секогаш да го добиете она што го сакате, но ако се обидете, понекогаш може да го најдете она што ви е потребно.“ Погледнете наоколу. Ценете ги работите кои ги поседувате во моментот. Многу луѓе не се толку среќни.
13. Во животот, секогаш ќе го добивате она што ќе го вложите
Ако сакате да добиете љубов, тогаш пружете љубов. Ако сакате пријатели, однесувајте се како таков. Ако сакате пари, обезбедете вредност. Навистина е волку едноставно.
14. Добрите пријатели ќе доаѓаат и ќе си одат
Многу од вашите средношколски пријатели нема да бидат со вас и на факултет. Многу од вашите колеги од факултет нема да бидат дел од вашиот долгогодишен професионален живот. Многу од вашите колеги на работа нема да бидат тука кога со вашиот брачен другар ќе го носите второто дете на свет. Но, некои ќе бидат со вас во тие моменти. Тие пријатели, оние кои биле тука додека сте го поминувале сето тоа, тие се оние кои навистина се важни.
15. Правењето истата работа секој ден го попречува созревањето
Ако го правите она што го правите, ќе продолжите да го добивате она што го добивате. Созревањето се случува кога ќе ги промените работите, кога ќе направите нови работи, кога ќе се протегнете надвор од вашата комфор зона.
16. Никогаш нема да се чувствувате 100% подготвени за нешто ново
Никој никогаш не се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави можност за нешто ново. Повеќето големи можности во животот нè тераат да созреваме надвор од нашата комфор зона, што значи дека нема да се чувствуваме сосема удобно или подготвени за тоа.