„Животот ти дава товар колку што можеш да носиш“: Милица имала турбулентна 2022-ра година

Во новогодишното издание на емисијата „Магазин Ин“ гости беа неколку славни лица, а една од нив беше и пејачката Милица Павловиќ.

Рече дека е задоволна од годината која помина иако во неа имала и лоши моменти и неуспеси.
-Јас сум задоволна. Годинава беше турбулентна, во мојот случај, малку и приватно неколку тешки моменти, но тоа е целиот живот, ти прави мерка и ти дава товар колку што можеш да носиш и кон успехот и кон неуспесите. Што се однесува до работата, никогаш не било подобро, не можам да се пожалам на тоа, можам само да и се заблагодарам на публиката што се од година во година стануваме посилни. Како плавуша се чувствувам поегзотично, малку сум луда, на многумина им се допаѓа оваа руса коса. Што се однесува до емотивното поле, задоволна сум, а и здравствено, само нека остане вака, изјави Милица Павловиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.