Набрзо по најгламурната свадба на Балканот во последниве години, на која патем кажано присуствуваа 900 гости, со која својата љубов со брак ја крунисаа Алексндра Пријовиќ и најстариот син на Боба Живојиновиќ, Филип Живојиновиќ стигна и веста дека чекаат принова.
И што е тука ново? Па има ново, а тоа е дека еден месец по свадбата Пријовиќка е веќе во благословена состојба, а сега се знае и полот на бебето.
Имено Боба и Брена за прв пат ќе станат баба и дедо на првиот внук. Веќе разбравте, бебето е машко, а чии гени ќе повлече останува да видиме. Нечии сигуно, зошто знаете како се вели – крвта не е вода. А, дали ќе биде спортист или ќе се бави со музика – сеедно, само нека е живо и здраво.