Жирафата Флопи угинал како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови

Само што ги добивме официјалните резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на нашиот Флопи, како што ветивме, веднаш транспарентно и одговорно ги споделуваме со целата јавност.

Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени 80 куршуми
Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо Мартиновиќ од Цетиње, кој е осомничен дека вчера во Црна Гора убил 12 сограѓани и ранил четворица. Покрај муницијата пронајдена во неговите џебови, во шаржерот на пиштолот, неофицијално дознава „Вијести“, …
Асад отруен во Русија!? „Тој се јавил на 911, а потоа почнал да кашла и да се гуши! Состојбата само се влошувала“
Сирискиот диктатор Башар ал Асад наводно бил отруен во Русија и во неделата му се слошило!Според телеграмскиот канал General SVR, кој наводно го води една од поранешните највисоки руски разузнавачки агенции, Асад почнал да се чувствува лошо во …

27.11. 2023 година беше за нас трагичен ден, прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа.

Врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.

Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.

Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите импосетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување.

Со почит
Зоолошка градина Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.