Жителите на гратче во Словенија кое три дена беше отсечено од светот: „Беспомошно ја гледавме водата, се огласија сирените“

Во најлошите регистрирани поплави во Словенија загинаа најмалку шест лица, водата однесе куќи и ги наполни селата со урнатини, а едно од местата што најмногу настрада е Чрна на Корошкем.

Миха Орешник од „Н1“ влезе во конвојот на словенечката армија во градот Чрна на Корошкем, кој три дена беше отсечен од остатокот од Словенија.
„Ова место од околу 2.000 жители беше непристапно речиси три дена. Вонредна состојба е, луѓето велат дека во текот на ноќта се слушале сирени. Водата се зголемила толку брзо што центарот на градот бил поплавен за само неколку часа. Таму течат две помали реки кои биле на највисоко ниво во историјата“, рече Орешник, пренесе „Нова.рс“.

Хеликоптери од Словенија, Унгарија и Хрватска цело време летале над областа. Луѓето немале ниту струја, ниту сигнал.
Ситуацијата денес е подобра. Жител на местото раскажа дека како што престанувале дождовите, толку повеќе сакал да се фати за лопата и да почне да го чисти нередот што го оставила водата во неговиот локал.

„Три дена беспомошно гледавме од првиот кат како блика вода на метар и пол“, рече Пусник. Семејството дури во неделата го пожарникар кој покрај куќата поминал со багер.
И Урша Превалник морала да замине кога надошла водата.
„Во куќата имаше 70 сантиметри вода. Заштитивме што можевме, но сега гледате сами како е“, изјави таа за „Н1“.

Денеска на помош и пришле пријателите кои го чистеле нередот околу куќата, а при спасувањето и помогнал и сосед. До нивната куќа изградил насип кој го спречил најлошото, а со него поминале две од најтешките ноќи, пренесува „Н1“.
„Благодарна сум на сите што помогнаа“, рече таа низ солзи.
Покрај опасноста од разбеснетата вода, сè се усложнило и со прекинот на мобилната мрежа.

„Не можевме да известиме“, рече Роберт Курник, кој го опиша настанот како апокалиптичен.
Човекот кој живее во Чрна во последните 17 години потврди дека се’ се случило набрзина.

„Одеднаш, водата удри. Ништо не можевме“, ја опишува беспомошноста што ја доживеале. Како што рече, првите пратки со храна пристигнале во неделата заедно со војската. Дотогаш, вели, морале самите да се снаоѓаат.
Од петокот, според полицијата, шест лица загинале поради поплавите, меѓу кои и двајца Холанѓани за кои се верува дека биле погодени од гром.

Словенечката агенција за животна средина соопшти дека поплавите почнале да се повлекуваат во понеделникот, но некои области сè уште се отсечени.
Жителите на едно село покрај реката Мура мораа да бидат евакуирани во неделата, откако се урна дел од насипот. Властите во Крањ предупредија дека оштетените канализациони цевки може да ја загадат реката Сава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.