Жозе Мурињо го навреди судијата и сега му се заканува суспензија: “Загрижен сум, не е емотивно стабилен!“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, би можел да биде суспендиран поради неговите коментари за судијата Матео Марсенаро во пресрет на натпреварот помеѓу Рома и Сасуоло, кој Рома го доби со резлутат од 2:1.

На прес-конференцијата во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо им кажа на новинарите:

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва?
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските …
ПРЕСВРТ | Maкедонија ја затвора Агенцијата за нуклеарна технологија
Ако не сте знаеле, од 2010 година во Македонија постои Агенцијата за нуклеарна технологија. Но таа наскоро ќе се затвори. Две комисии во Собранието дадоа зелено светло за …

„Да бидам искрен, загрижен сум за судијата. Ни судеше три пати и мислам дека има емоционална стабилност да биде судија на ова ниво“.

Италијанската федерација покрена истрага против Жозе Мурињо кој би можел да добие суспензија. Вчера беше сослушан од Џузепе Чине, кој е задолжен за вакви ситуации.

Според италијанските медиуми, Жозе Мурињо многу веројатно ќе добие десетдневна суспензија. Доколку тоа се случи, Жозе Мурињо ќе го пропушти натпреварот со Болоња, а можеби и со Наполи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.